За Нас

АВТО МОТО ИСПИТЕН ЦЕНТАР - СУПЕР ВОЗАЧ

АВТО МОТО ИСПИТЕН ЦЕНТАР – СУПЕР ВОЗАЧ​ кој организира и спроведува возачки испити за сите категории и национални категории на моторни возила (АМ, А, А1, А2, Б, БЕ, Ц, ЦЕ, Ц1, Ц1Е, Д, ДЕ, Д1, Д1Е, Ф) на подрачјето на СВР Битола. Со доделена лиценца од надлежното министерство, Супер Возач ги исполнува сите законски пропишани услови според Правилникот за начинот на спроведување на возачките испити, како и барањата за просторни, кадровски и технички капацитети. Центарот располага со современа опрема и обучен кадар, подготвен да овозможи ефикасно, безбедно и професионално спроведување на теоретски и практични испити за идните возачи. Супер Возач е Вашиот сигурен партнер на патот до возачката дозвола.